Некои велат дека потеклото на овој десерт е од Тајланд, некои тврдат дека е од Кина, а нам нѝ е сосема неважно од каде е, бидејќи е одличен, лесен за подготовка, а и не ви требаат многу пари за него.
Состојки:
- 2 банани
- 40гр. маргарин или масло
- цимет
- кафеав шеќер
- мед
- лимон
Подготовка:
Излупете ги бананите, преполовете ги по должина и натопете ги во сок од лимон за да ја задржат природната боја.
Во загреано тавче ставете го маргаринот, малку цимет и кафеавиот шеќер. Сето тоа промешајте го и додадете ги преполовените банани кои за време на пржењето ќе ги преливате со смесата во која се динстаат.
По пет минути извадете ги бананите и сервирајте ги во чинија, а потоа одозгора додадете малку мед или чоколада. Може да ги украсите дури и со шлаг.