300 г бисквити
75 мл + 2 лажички кокосово масло
200 г кокосово брашно
3 лажички мед
70 г + 1 лажица шеќер
1 ванилин шеќер
400 мл кокосово млеко
100 г црно чоколадо
50 мл оризова вода
За подлогата, сомелете ги бисквитите и измешајте ги со 75 г стопено кокосово масло и 3 лажички мед. Нанесете ја смесата во правоаголна тава и ставете ја 30 минути во замрзнувач.
За кремот, измешајте ги кокосовото брашно, ванилиниот шеќер, 70 г шеќер, кокосовото млеко и 1 лажичка кокосово масло, и загрејте на тивок оган. Откако кремот ќе се згусне, тргнете од оган и рамномерно премачкајте ја подлогата од бисквити.
За преливот, растопете го чоколадото на тивок оган со оризова вода, 1 лажичка кокосово масло и 1 лажица шеќер. Премачкајте врз филот од кокос и оставете да се лади 4 часа.