Искористете ја сезоната на цреши за да го испробате овој рецепт за едноставен колач кој сигурно ќе стане омилен гостин на вашата трпеза.
Црешите претставуваат богат извор на антиоксиданси, влакна и витамин Ц, ги намалуваат воспаленијата во телото и се одличен сојзуник во борбата против кардиоваскуларните болести.
Ова овошје најдобро е да се консумира свежо, но е одличен додаток и во компотите и колачите.
Во продолжение ви претставуваме рецепт за едноставен десерт со цреши кој секогаш успева.
Потребни состојки:
– 4 јајца
– 100 мл. јогурт
– 100 мл. масло за јадење
– 100 гр. шеќер
– 200 гр. брашно
– 2 мали лажици прашок за пециво
– 200 гр. цреши
– лебни трошки
Начин на подготовка:
1. Измијте ги црешите и отстранете ги семките.
2. Помешајте го брашното со прашокот за пециво и оставете го настрана.
3. Загрејте ја рерната на 180 Целзиусови степени.
4. Во еден сад ставете ги јајцата и шеќерот и матете сè додека смесата не се удвои и не стане бледожолта.
5. Потоа полека додавајте го маслото за јадење, мешајќи со лажица.
6. Најпосле во смесата полека додадете го и брашното помешано со прашок за пециво.
7. Намастете го калапот за печење со масло и наросете со лебни трошки.
8. Налејте ја смесата во садот, а одозгора ставете ги црешите.
9. Печете околу 40 минути. Имајте на ум дека на колачот кој содржи јогурт му е потребно повеќе време за печење. Колачот е испечен кога ќе почне да се одвојува од калапот и кога ќе поприми златножолта боја.