Без оглед на мноштвото комбинации, постојат два основни типа сангрија – класична сангрија (мешавина од црвено вино и овошје, најчесто јаболка, портокали и лимони) и сангрија бланко (мешавина од бело вино и овошје, најчесто киви, манго и праска).
Сепак, ние најдовме рецепт и за една малку поинаква, безалкохолна сангрија, идеална за оние кои не сакаат или не толерираат алкохол.
Но, што е сангрија без вино? Ова е витаминска бомба која ќе ве освежи подобро од кој било вид пијалак. Погледнете подолу какви состојки користевме за овој пијалак.
Потребни состојки:
Лимон
Портокал
Јаболко
Манго
Капини
Сок од грозје
Сок од јаболко
Сок од портокал
Малку сок од лимон
Кисела вода
Начин на подготовка:
Добро измијте ги сите овошја и не ја лупете кората. Исечете ги лимонот и портокалот на кругови, а мангото и јаболкото на коцки.
Додадете го исецканото овошје, како и капините во стаклен бокал, истурете ги соковите и нежно измешајте.
Оставете го во фрижидер да се олади најмалку 4 часа, а колку подолго се лади сокот, толку подобар вкус ќе има.
Пред сервирање, додадете кисела вода, промешајте нежно и вашето освежување е подготвено.
Можете да си поиграте со декорацијата на чашите, а потоа останува уште да ги поканите пријателите и да уживате!