Печените јадења често знаат да бидат малку суви, но со оваа мусака ситуацијата е сосема спротивна.
Комбинацијата на прокељ со разни зачини и стандардни состојки за мусака, дава феноменална, ароматична комбинација на вкусови која сигурно ќе ви се допадне.
Состојки:
– компири, 4 поголеми парчиња
– кромид, 1 глава
– пршута, околу 500 гр
– мелено месо, 500 гр
– масло, 4 лажици
– зачини (бибер, сол, вегета, лажица црвена пиперка, магдонос)
– вода, 200 мл
– јајца, 3 парчиња
– млеко, 50 мл
– павлака, 200 гр
– брашно, 1 лажица масло
Подготовка:
Во масло и малку вода пропржете го кромидот, месото и зачините околу 2 минути. Компирите исечкајте ги на прстени и наредете ги во тавче и прелијте го со месото.
Изматете ги јајцата, млекото, павлаката, брашното и солта и прелијте го месото.
Измијте ја пршутата и пресечете ја на половина, па наредете ја врз месото и компирот. Се пече на 220 степени, околу 40 минути.