И’ покрај тоа што фудбалскиот натпревар помеѓу Аргентина и Австралија го доби својот заклучок – со победата на Аргентина, луѓето се уште не престануваат да ја коментираат сопругата на Меси.
Антонела Рокузо во друштво на своите деца жестоко навиваше од трибините во Катар за да му даде поддршка на својот сопруг. Убавата Антонела за оваа пригода облече виолетова дрес со бројот и името на нејзиниот сопруг, а на социјалните мрежи се проширија фотографии од нејзиниот синоќешен изглед. Иако натпреварот е одамна завршен, луѓето масовно споделуваат фотографии од Антонела Рокузо на Твитер.
Се чини дека убавата Аргентинка оставила позитивен впечаток и’ кај мажите и’ кај жените, а многу „фанови“ на споменатата социјална мрежа не можат да поверуваат колку е убава.
„Боже мој, таа е толку убава“, „Уште еден ден се будам и не сум Антонела Рокузо“, „Таа е вистинска жена“, се само дел од коментарите.