Состојки:
1/2 чаша овесна каша
3 лажици семе од коноп
2 лажици семе од чиа
2 лажици семе од лен
1 до 2 лажици сецкани суви урми
1 лажица органска меласа или друг здрав засладувач
рака бобинки – малина, боровинка, суво грозје, јагода
1 лажичка куркума во прав
1 лажичка квасец за јадење
цимет
1/2 лажица какао во прав (по избор)
Подготовка:
Овесната каша можете да ја истурите во топла вода и да ја оставите малку да зоврие. Потоа додадете ги сите други состојки, промешајте и уживајте. Наместо вода, можете да користите некое алтернативно млеко, како млеко од бадем, соја, ориз, кокос …