Бон-тон на трпеза: Како правилно се јаде морската храна, со прсти или со виљушка?

Рибата не се јаде со обичен нож, но останатите морски плодови како на пример лигњите и октоподот, се јадат исклучиво со обичен нож и виљушка.  Нема оправдување рибата да се јаде со прсти, со прсти се јаде ракот.
Риба
Рибата бара мала вештина при послужувањето и јадењето. Ако сте во ресторан секогаш можете да побарате од келнерот (доколку тој сам претходно тоа не го направи) да ја исчисти рибата од коски пред да ја послужи.
Во домашна атмосфера рибата се јаде со посебен широк нож поставен од десната страна и виљушка од левата страна на чинијата. Со ножот рибата се преполовува по должина на рбетот и се вадат коските кои се ставаат или на работ на чинијата или во посебна чинија. Главата на рибата исто така треба да се отстрани со ножот.
Рибата не се јаде со обичен нож, но останатите морски плодови како на пример лигњите и октоподот, се јадат исклучиво со обичен нож и виљушка.
Нема оправдување рибата да се јаде со прсти.
Рак
Ракот се јаде со прсти. Со десната рака се зема ракот, а со левата се придржува за чинијата додека го одвојуваме од трупот. Најкрупниот дел од оклопот се отстранува со прсти. Исто така, оклопот може да се држи со десната рака, а со левата да ги повлекувате нозете за да ја извадите внатрешноста, потоа месото се прифаќа со вилушка. Делот кај опашката се отвора со специјални клешти, но прво мора да се отстрани утробата. После цела оваа процедура рацете се мијат во чинија со топла вода во која е додадено малку лимон за да бидат чисти пред да преминете на следното јадење.

Остриги
Остригите се сервираат и јадат само свежи. Потребна е мала вештина со виљушката за да се отстрани малиот црн дел. Потоа исцедете малку лимон, а со лажица фатетете го месото од школката и безшумно сркнете.
Со школките треба да се послужат мали кришки леб и путер со кој се премачкува лебот кој се јаде со рака.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.