БРЗ И ЕДНОСТАВЕН РУЧЕК Меки и вкусни шницли од рерна

Ако веќе имате исечени тенки шницли и не знаете што да правите со нив, па лесно е, ставете ги во рерна и за еден час се готови.
СОСТОЈКИ:
6 шницли
2 лажици брашно
1 лажица сув зачин
1 лажица мелен, црвен пипер
1 лажичка магдонос
малку босилек и рузмарин, малку бибер
200 мл млеко
300 мл вода


ПОДГОТОВКА:
Со кујнски чекан исчукајте ја секоја шницла.
Извалкајте ги шницлите во брашно и ставете ги во огноотпорна тава.
Измешајте вода, млеко и зачини и прелијте ги шницлите.
Ставете во претходно загреана рерна на 200 степени и печете еден час.
Ако мислите дека не се печени, оставете уште малку во рерна за секој случај.
Исто така, ако видите дека речиси целата течност испарила, додадете уште малку вода.
Послужете топло со пире или ориз, прелијте со сокот создаден при печењето.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.