Одличен брз рецепт со кој ќе направите посни колачиња што ќе им се допаднат на сите.
Брз и лесен десерт: Посни бомбици со суво овошје
Потребни состојки:
6 лажици суво грозје или брусница
4 суви смокви
6 урми
4 лажици мелени бадеми
2 лажици какао
1 лажица лимонов сок
Начин на подготовка:
Состојките – сувото грозје, смоквите, урмите, бадемите, какаото и лимоновиот сок ставете ги во блендер и изблендирајте.
Навлажнете ги рацете и од смесата направете бомбици. Потоа извалкајте ги во малку какао и вашиот десерт е готов.