Брз ручек: Вкусна паста со печени „шери“ домати

Сите знеме да бидеме во трка со времето, па доколку се најдете во ситуација да немате доволно време за некој вкусен ручек, ние имаме супер предлог.
Изненадете ги саканите со паста со печени „шери“ домати. Ќе ви бидат потребни 20-тина минути за подготовка, а ќе уживате во јадењето.
Потребни состојки: маслиново масло, лук, босилек, шери домати, шарен бибер (количеството прилагодете го на својот вкус)


Подготовка: Земете неколку чешниња лук, свеж босилек и шери домати, како и маслиново масло (да биде подмачкана тавата и да има уште малку одозгора врз состојките).
Сите состојки ставете ги во сад за печење. Додајте сол и бибер и печете на 200 степени околу 20 минути, додека доматите не распукаат и не ги испуштат сокот.
Тестетнината сварете ја во солена вода, според упатството на ќесичката и помешајте ја со приготвениот сос од рерната.
Јадењето завршете го со поголемо количество рендан пармезан и уживајте во секој залак.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.