Брз ручек за цело семејство: Кременадли со кашкавал

Предлог да пробате малку поразлична верзија на кременадли за која нема да се покаете.
Потребни состојки:
4 свински кременадли
150 гр варена шунка
200 гр кашкавал
сол
бибер
брашно
масло
Подготовка:
Измијте ги кремендалите и исушете ги преку впивање на водата со хартиени крпи. Добро посолете ги од двете страни и додајте бибер. Потоа посипете ги од сите страни со брашно. Пржете ги во тава, во врело масло, секоја страна по 3-4 минути. На секоја кременадла ставете по едно парче тенко исечена шунка и врз неа посипете со рендан кашкавал. Ставете ги во сад за печење и печете во рерна, претходно загреана на 250 степени. Печете околу 10-15 минути, додека шунката не се загрее и кашкавалот не се растопи. Послужете додека е топло, по желба со зеленчук на скара и печен компир.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.