Брз чоколаден колач срце (без печење)

Состојки
За подлога
100 гр бисквити
50 гр маргарин
5 лажици млеко
2 лажици ореви
За фил
1 пудинг од чоколадо
100 гр путер
50 гр чоколадни капки
70 гр малини
400 мл млеко
5 лажици шеќер
1 лажичка екстрат од рум
100 гр бисквити

Колачот се прави многу брзо и лесно и многу е вкусен.
За подлога
Измелете ги бисквитите со оревите, додајте растопен маргарин и млеко и се’ промешајте. Ставете во калап срце.
За фил
Половина од млекото ставете го да зоврие, во друга половина додајте пудинг и шеќер, промешајте и истурете го во зовриеното млеко. Мешајте додека не згусне и оставете го да истине.
Изладениот пудинг изматете го со путерот, додајте шеќер во прав по потреба, додајте кршени бисквити, чоколадни капки, малините и екстрат од рум. Се’ промешајте и ставете во калап. Ставете во фрижидер да се стегне.
Колачот извадете го од калап, прелијте го со растопено чоколадо, украсете со чоколадни ронки, чоколаден шлаг и со малини.
Добар апетит!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.