Направете брза и вкусна бајадера за која целото семејство ќе се радува.
Состојки:
300 гр. шеќер
150 гр. мелени бисквити
150 гр. мелени ореви
150 гр. путер
100 гр. чоколадо за готвење
8 лажици вода
100 гр. чоколадо за глазура и 3 лажици масло
Подготовка:
Се вари шеќерот со вода, па се трга од шпорет, се додаваат бисквити и ореви, па путер и се меша.
Се дели смесата на два дела, така што во едниот се става растопено чоколадо, па се премачкува плех со масло и се става темниот слој, па преку него светлиот слој и се остава да се олади.
Горе се става глазура од чоколадо растопено со маслото.
Се сече потоа.