БРЗА ЗЕЛЕНА САЛАТА СО КАЛИНКИ И ОРЕВИ – СВЕЖА, ВИТАМИНСКА И ЗДРАВА ЗА СИТЕ

Ви предлагаме лесен и нискокалоричен оброк, преубава и уникатна салата! 🥗 😋 Проверено вкусна и свежа!

🛒Состојки:

  • 7-10 листови марула/салатка
  • 1/2 калинка
  • 2 парчиња лимон сечени на кругови
  • 4 ореви (8 јатки)
  • свежо цеден сок од половина лимон.

Подготовка:

  1. Најпрво со ладна вода убаво измијте ги листовите зелена салата, а потоа со помош на кујнска даска и добар остар нож, внимателно издробете ги парчиња со ширина од околу 1 см.
  2. Калинката прво измијте ја, а потоа издвојте ги само семките во посебен сад.
  3. Оревите скршете ги, а ако сте купиле јатки само исечкајте ги со помош на нож, со исклучок на две јатки или 1 орев кој ќе остане за декорација одозгора.
  4. Исцедедете сок од половина лимон.
  5. Откако сте ги припремиле сите состојки, сервирајте ја салатата.
  6. Прво ставете ја зелената салата и полека рамномерно налејте го свежо цедениот сок од лимон.
  7. Наросете од калинката и сечканите ореви.
  8. Декорирајте со круг засечен лимон и 2 јатки од орев на средината на салатата или декорирајте поинаку по своја желба.

На здравје!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.