Состојки
За тесто
100 мл јогурт
50 мл вода
5 супени лажици маслиново масло
на врв на лажичка сув квасец
1 пециво
околу 300 гр брашно
За фил
6 парчиња топено сирење
100 гр сирење
2 полни лажици кечап
5 зелени маслинки
1 пиперка
1 лажица диво оригано
1/2 кафена лажица лук во прав
Превкусна пита, готова за околу 15 минути!
– Замесете тесто од наведените состојки. (Ова тесто нема потреба да стасува)
– Со помош на оклагија направете ја формата на питата, потоа со рацете превиткајте ги краевите.
– Внатре прво премачкајте со кечап, потоа додадете рендано сирење, сецкани парчиња топено сирење, сецкани маслинки, сецкани пиперки и одозгора ставете оригано и лук во прав.
Печите на 200 степени околку 10 минути
Добар апетит