Фантастична пита со јогурт и спанаќ…
СОСТОЈКИ:
500 гр кори за пита
600 мл јогурт
300 гр спанаќ
3 јајца
100 мл масло
2 лажички сол
4 лажици брашно
1 лажичка прашок за печиво
уште малку масло и вода
сусам
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Разматете јајца, додајте масло, јогурт, брашно, сол, прашок за печиво, јогурт и на крај исечкан спанаќ.
Редете: кора, фил, кора, фил, замотајте и редете на тепсија која сте ја премачкале со масло. Премачкајте ги сите пити со масло и пропрскајте со вода, па оставете да отстојат 10 минути.
Печете во загреана рерна на 200 степени околу 30 минути или додека не порумени.
Добар апетит!