Брза салата:Киноа со маслинки и домат

Оваа салата е одличен оброк кој може да ви биде и појадок, но и вечера. Можете да си ја направите и да си ја земете со себе на работа.
Лесен, брз и нутритивен оброк!
Потребни состојки:
3 лажици варена киноа
1 домат
4-5 маслинки
½ главица кромид
1 лажица маслиново масло
малку магдонос
сок од ½ лимон
хималајска сол.


Подготовка:
Најпрвин киноата сварете ја во вода, добро е да ја оставите малку да покисне, минимум 1-2 часа (или ако ви текне и преку ноќ).
Киснењето на житарките се прави за да се раствори фитинската киселина која претставува антинутритиент кој ги врзува хранливите состојки, односно во цревата а се формираат комплекси со фитинска киселина кои не можат да се апсорбираат. Фитинската киселина се раствора во вода, така што ако ги покиснете житарките пред да ги варите, голем дел од неа ќе се раствори, со тоа ја зголемувате нутритивноста на оброкот и овозможувате поголема апсорпција на сите хранливи нутритиенти.
Кога киноата ќе се свари, го сечкате доматот, кромидот и маслинките. Зачинувате со маслиново масло, лимонов сок, хималајска сол и малку магдонос.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.