Брзи панцероти (без квасец)

2 и пол чаши брашно
2 чаши јогурт
1 кесичка прашок за печиво
1 лажичка сол
1/2 лажичка шеќер
фил
чајна салама
фета сирење
доматен сос и оригано
едно матено јајце за премачкување

1. Измешајте ги сите состојки за тесто и замесете.
2. Направете шест топчиња и оставете да стасуваат околу дваесет минути.
3. Во меѓувреме подгответе го филот-сецкана чајна,издробена фета,оригано и доматен сос(неколку лажици)убаво измешајте ги.
4.Секое топче расучете го (околу 15 цм во дијаметар) и на едната половина нанесете од филот, преклопете и краевите втиснете ги со вилушка.
5. Вака подготвени панцеротите оставете ги околу 30 минути, премачкајте ги со изметено јајце и печете во загреана рерна на 200 степени додека почнат да се зацрвенуваат.
-панцеротите може и да ги пржите во врело масло доколку така повеќе сакате.
Добар апетит!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.