Додека е сезона на јагоди може да го подготвите овој вкусен рецепт за чизкејк којшто не се пече, а може да се подготви за 15 минути.
Потребни состојки за подлога:
-200 г бисквити
-100 г стопен путер
-2 лажици шеќер
Потребни состојки за крем:
-450 г крем сир
-200 г свежи јагоди
-200 г слатка павлака
-150 г шеќер
-една мала лажичка екстракт од ванила
Начин на подготовка:
Издробете ги бисквитите, помешајте ги со шеќерот и стопениот путер. Добиената смеса втиснете ја во тркалезен сад за печење. Ставете во фрижидер околу еден час.
Направете шлаг од слатката павлака. Направете го кремот со сите состојки во блендер, со тенко исечкани јагоди, крем сир, шеќер и екстракт од ванила.
Рачно вмешајте го шлагот во остатокот од кремот и прелијте над оладената подлога од бисквити. Повторно ставете го чизкејкот во фрижидер да отстои ноќта.
Послужете го со свежо исецкани јагоди и овошје по избор.