Потребни состојки:
450 гр тестенини
400 гр брокула
2 лажици путер
30 гр брашно
1 главица кромид
30 чешниња лук
500 мл млеко
350 мл бујон од зеленчук
250 гр рендан чедар
100 гр пармезан
30 гр презла
Сол
Бибер
Начин на подготовка:
Сварете ги макароните во солена вода според упатството на пакувањето. Три минути пред крајот додајте и брокула.
Растопете го путерот и додајте сечкан лук и кромид па динстајте додека да омекнат, а потоа додајте и брашно. Додека мешате, полека додавајте млеко и бујон. Оставете го сосот да врие додека да се згусне и повремено мешајте.
Тргнете го сосот од оган, додајте чедар и пармезан и посолете.
Во голем сад премачкан со путер додајте ги макароните и брокулата, полијте со сосот и додајте презла. Печете 20-30 минути на 200 степени.