Наш предлог за денешниот ручек се ќофтиња од рерна, по рецепт на Јованка Броз.
Потребни состојки
1 кг компири;
1 кромид;
500 грама мелено месо;
2 јајца;
150 грама сланина;
250 грама рендан кашкавал;
50 грама путер;
50 мл масло;
Оригано, бибер, сув зачин, сос од домати.
Подготовка
Сварете ги компирите. Додека се варат, направете ќофтиња од меленото месо, ситно сечкан кромид, сланина и зачини. Варените компири измешајте ги со путерот и направете пире.
Во огноотпорен сад на дното ставете го пирето, одозгора ставете го доматниот сос со зачините, па ќофтињата и печете околу 20 минути на 200 Целзиусови степени. Преку ќофтињата ставете рендан кашкавал и печете уште 5 до 10 минути.