Хељдата се мие, се вари 10мин, се цеди, пак се мие и се трга на страна.
Шампињоните се сецкаат и заедно со сецканиот кромид се запржуваат околу 8-10 мин да омекнат убаво. Потоа се додава малку доматно пире, зачините, сецкан магдонос. Се динста 2-3 мин и смесата се става во блендер. Се додава варената хељда и лененото семе. Се блендира заедно.
Од смесата се прават бургери кои се редат на пек хартија и се печат во рерна со вентилатор околу20 мин. на 200.
Ги послужив со зеленчук кој го варев на пареа.
Состојки
1 шоља хељда
400гр свежи шампињони
1 главица кромид
1 морков
зачини малку доматно пире, бибер, сол, магданос
2 лажици мелено ленено семе