Бургери со тиквички и пилешко

Потребни состојки:
600 гр мелено пилешко месо
1 кг тиквички
200 гр рендано сирење
2 јајца
лебни трошки
лук
сол и зачини по избор и вкус
Начин на подготовка:
Изрендајте ги тиквичките и оставете ги да се исцедат.
Загрејте масло во една тава.
Измешајте ги заедно пилешкото месо, сирењето, јајцата и исцедените тиквички. Зачинете со лук, сол и зачини по избор и вкус.
Формирајте бургери (користете влажни раце). Ставете го секој бургер во лебните трошки. Пржете додека не заруменат двете страни.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.