Буш: Зеленски е цврсто момче, вистински Тексашанец, Путин е градител на империи

Поранешниот американски претседател Џорџ В. Буш мисли дека украинскиот претседател Володимир Зеленски е толку цврст што би можел да биде од Тексас.

ФИФА ја прекина суспензијата на Израелската фудбалска асоцијација
ФИФА во четвртокот ја прекина суспензијата на Израелската фудбалска асоцијација, но нареди …
СЗО: Во Либан загинаа 28 здравствени работници, a многумина ја напуштија областа
Светската здравствена организација (СЗО) објави дека од почетокот на израелската офанзива на …
Обид за кражба во зградата во Чаир во која изби пожар
Две лица се приведени поради обид за кражба во зградата во која …
Со велосипед од Скопје до Охрид: Амбасадата на САД со кампања за борба против рак на дојка
Ги прават последните подготовки за утрешната велосипедска трка.Оваа трка е поспецијална од …

Па, тој е цврсто момче, вистински Тексашанец“, рече Буш преку видео врска за време на конференцијата во Киев. Иако Буш е роден во Конектикат, тој пораснал во Тексас, пренесува „Политико“. Буш, исто така, рече дека ќе биде сè потешко да се убедат Американците дека помагањето на Украина е во нивен најдобар интерес.

„Прво и основно, Украина треба да се справи со корупцијата. Неодамнешната реорганизација на владата покажа дека Зеленски сака да го направи тоа“, рече Буш.
Додаде дека го гледа рускиот претседател Владимир Путин како градител на империја кој можеби нема да престане да ја напаѓа Украина.

Според него, ако Путин не биде запрен во Украина, САД ќе мора да се вклучат во помагањето на земјите како Полска, Литванија и Латвија.
„Ситуацијата во Украина е важна за безбедноста на Соединетите Американски Држави. САД сè уште треба да ги поддржат луѓето како Зеленски кога покажуваат храброст“, рече Буш.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.