Бјанка и Канје беа фотографирани во трговски центар во Токио, каде што очигледно отишле на кино, а потоа уживале во ноќниот живот. Иако моментално живеат во друга земја, нивниот стил на облекување остана ист.И двајцата беа облечени во бело, а Бјанка носеше тесен, полупроѕирен комбинезон кој ги истакна нејзините облини.Изгледот го комплетираше со сребрени мокасини и футуристички очила за сонце. Таа уредно ја стави косата во пунџа. Бјанка, која често е мета на критики поради нејзиниот провокативен стил , никогаш не го коментирала својот моден избор. Канје Вест сепак изјави дека нејзиниот стил е „уметничка форма“.Неодамна се појави информација дека двојката планира да ги обнови брачните завети на свечена церемонија и дека постои желба до олтарот да стигнат целосно голи или во многу провокативни изданија.Да потсетиме дека Бјанка Ценсори и Канје Вест неодамна отпатуваа во Токио, каде најверојатно ќе останат неколку месеци поради вниманието на медиумите и судскиот спор што го води поранешната асистентка на раперот, Лорен Пичота, која го обвинува за силување, сексуално вознемирување и следење во периодот од 2021 до 2022 година.
Пронајдете не на следниве мрежи: