Вакцините за свински грип предизвикуваат нарколепсија

Вакцината Пандемрикс (Pandemrix), која се употребуваше за заштита од свински грип,  е во директна врска со нарколепсијата, која се појави кај млади лица кои биле вакцинирани, покажа новата шведска студија објавена во вторник.Шведската агенција за медицински продукти нарача масовна студија за да се утврди дали вакцината има некаква врска со нарколепсијата откако биле пријавени десетици случаи особено од млади луѓе, кои имале симптоми на нарколепсија (болест на нарушен сон), по примањето на вакцината.Во студијата, која била спроведена меѓу октомври 2009 година и декември 2011 година, биле споредени 3,3 милиони вакцинирани Швеѓани, и 2,5 милиони кои не биле вакцинирани.„Можеме да видиме дека во целиот период на студијата имаме 126 случаи од тие кои биле вакцинирани дека заболеле од нарколепсија“, вели Ингемар Персон, професор што стои зад студијата.„Дваесет случаи меѓу овие се кај луѓе што не биле вакцинирани. Зборуваме за три пати зголемен ризик“, додава Персон.Ризикот е поголем кај младите луѓе кои примиле вакцина. Кај оние помлади од 21 година, ризикот да добијат нарколепсија е три пати поголем кај оние кои примиле Пандемриск, додека кај возрасната група од 21 до 30 години, ризикот е два пати поголем.Кај оние вакцинирани кои се на возраст од над 40 години, ризикот е ист како кај невакцинираните, покажува студијата.Персон вели дека било многу тешко да се детектира дали вакцината е поврзана и со други болести.
МакфаксВакцината Пандемрикс (Pandemrix), која се употребуваше за заштита од свински грип,  е во директна врска со наркол

Пронајдете не на следниве мрежи: