ВЕ МАЧАТ ЗАНОКТИЦИТЕ? Ова домашно масло ќе ве спаси

Заноктица е воспаление во коренот на ноктот, и се формира со пукање на рожниот дел што го покрива коренот на ноктот. Тие се јавуваат затоа што ноктите растат побрзо од кутикулата што доведува до пукање на кожата и болни рани. Ако воспалението се прошири, најдобро е да побарате медицинска помош. Но, со малку напор, можете да го спречите нивното настанување со природни лекови, како што е ова масло, кое лесно можете сами да го подготвите:
Состојки:
2 лажици маслиново масло
1 лажица кокосово масло
1 лажица масло витамин Е
2 капки есенцијално масло од лаванда
2 капки есенцијално масло од лимон
Подготовка:
Малку загрејте ги маслиновото и кокосовото масло на тивок оган. Додадете витамин Е и есенцијалните капки масло и измешајте се заедно. Истурете се во соодветен сад. Потоа најдете мирен дел од куќата за кој знаете дека никој нема да ве прекине и тука позабавувајте со кутикулите.
Прво натопете ги ноктите во садот, маслото треба да биде топло. Опуштете се и масирајте ја смесата лесно во вашите нокти, обрнувајќи посебно внимание на кутикулите на прстите. Држете додека маслото не се излади. Добивате прекрасен сјај на ноктите, нема да има ни трага од заноктици на вашите раце.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.