Благодарение на моќните својства на медот и бананата, ќе се решите од болното и воспалено грло, кашлицата, а дури и од стомачните проблеми, тврдат добро упатените.
Состојки: 400 мл зовриена вода; 2 средни банани со црни точки; 2 лажички мед
Подготовка: Излупете ги бананите и изгмечете ги со вилушка. Потоа ставете ги во лонец и додајте зовриена вода. Оставете ги половина час.
Кога смесата ќе се излади, додајте мед. Важно е медот да го додадете последен, бидејќи, доколку го измешате со врела вода, ќе ги изгуби своите лековити својства.
Пијте по 100 мл од оваа напивка четири пати дневно. Количината на состојките од рецептот е доволна за еден ден, а наутро направете нова тура. Резултатите ќе бидат видливи веќе после 5 дена!
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.