Речиси ниту еден празник не може да помине без чоколадо. Во комбинација со марципан и јајцата кои се симбол на Велигден – ова е идеален десерт и подарок за најблиските.
Ова слатко задоволство се прави брзо и лесно, па можете да ги ангажирате и децата да ви помогнат.
Состојки за 20 јајца:
300 гр марципан
200 гр темно чоколадо, ситно сечкано
30 гр мелени (или ситно сечкани) бадеми, фстаци
1-2 лажици кора од лимон, ситно изрендана
Подготовка:
Поделете го марципанот на 10 мали јајца од 30 g и 10 помали јајца од 20 g, ако сакате варијација.
Чоколадото стопете го во сад отпорен на топлина поставен над тенџере со вода што врие, внимавајќи дното на горниот сад да не ја допира водата. Мешајте убаво додека да се растопи чоколадото и тргнете го од оган.
Јајцата премачкајте ги со растопено чоколадо и ставете ги на плех обложен со хартија за печење. На некои јајца ставете сечкани бадеми и фстаци, а на други кора од лимон. Кога чоколадото ќе се стврдне, чувајте ги во сад што херметички се затвора.
ДОПОЛНИТЕЛНА ИДЕЈА: Доколку сакате, можете да додадете различни вкусови на марципанот пред да го премачкате со чоколадо, како што се коњак (погрижете се децата да не ги јадат овие јајца), кора од портокал, јаткасти плодови или зачини (црвен пипер, ѓумбир во прав, цимет…).