Велигденски зајачиња

600 г брашно
200 мл млеко
100 мл масло
1 јајце
1 кесичка сув квасец
1 прашок за печиво
1 лажичка сол
млака вода по потреба
Брашното го сееме и го ставаме во длабок сад.
Квасецот го раствараме во млекото и кога ќе стаса го додаваме во садот со брашното. Солта ја нанесуваме по краевите на садот, а прашокот за печиво го помешуваме со брашното и маслото.
Месиме со рака и постепено додаваме вода се додека не добиеме меко мазно тесто.
На работна маса го размесуваме тестото и го делиме на 10 топчиња. Земаме едно топче и вадиме тесто за опавче уши и глава.
Од преостанато тесто со раце развлекуваме долгнавеста форма како јаже и ја вртиме во форма на  полжавче. На полжавчето лепиме глава, уши и опавче. Окото го правиме од зрно црн пипер. На истиот начин ги формираме сите зајачиња и ги редиме во тава.
Ги премачкуваме со изматено јајце со малку сол и масло. Печеме 20 минути на 200 степени.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.