ВЕЧЕРВА ИСТО КАКО НА БОЖИЌ НЕ ИЗЛЕГУВАЈТЕ ОД ДОМА – еве каква зима не очекува според денешниот празник Митровден

Денес, на 8 ноември, православната црква и нејзините верници го прославуваат празникот на Светиот великомаченик Димитрија, кај народот познат како Митровден.
Митровден е еден од празниците со кој се поврзуваат голем број народни обичаи. Еден од нив е претскажувањето според времето – ако денес има дожд и мраз, нè очекува долга и студена зима со многу снег!
Исто така, постои и верување дека на овој празник, исто како и на Божиќ, би требало да бидете дома, освен ако не сте поканети на слава.
Оттука старото верување дека ако ноќта на Митровден ја поминете надвор од дома, цела година ќе спиете надвор од домот и ќе се „влечете“ по туѓи куќи.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.