АЦА ЛУКАС НАСТРАДА ВО СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА – Друг автомобил со голема брзина удрил во неговото возило

Познатиот фолк пејач Аца Лукас (54 г.) имал сообраќајна несреќа, објавија во неделата српските медиуми.

Имено, по концертот во Амстердам, пејачот слетал на белградскиот аеродром „Никола Тесла“, каде што го чекал возачот и неговиот автомобил.

Но, кога продолжиле понатаму, во еден момент друг автомобил со голема брзина удрил во нивното возило, а Аца Лукас бил на совозачкото седиште.

Материјалната штета на возилото е огромна, а за среќа возачот и сопатникот се спасиле без поголеми повреди.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.