(Видео) Маж тепа луѓе по случаен избор по улици во Скопје, граѓаните велат ова го правел постојано

Непознато лице напаѓа граѓани кои случајно ќе ги затекне во Ченто, јавува „Скопје1“.

На објавеното видео се гледа како непознатото лице удира повозрасен човек, па потоа го турка.

Според информациите, и претходно имало вакви случаи од истото лице.

Авион полн со патници погоден од куршум на аеродром во Далас
Авион на компанијата „Саутвест ерлајнс“ полн со патници бил погоден со куршум од пиштол додека се движел на пистата на аеродромот Лав Филд во Далас, соопштија денеска локалните власти.Авионот се подготвувал да полета за …
Трамп го назначи Крис Рајт за секретар за енергетика
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп денеска го назначи директорот на нафтената компанија од Денвер, Крис Рајт, за секретар за енергетика, пренесува АП.Рајт, и покрај научните докази, тврди дека емисиите на стакленички гасови не ја …

„На 7.12 2023г. во 14:30ч.бевме нападнати јас и мојата колешка пред аптеката Зегин, на пазарчето во Ченто. Откако лицето неразбирливо се обраќаше кон нас (очигледно психолошки нестабилно) влеговме во автомобилот и тогаш почна со боксови да мава во стаклото со цел да го скрши и да ме удри. Среќа што се заклучивме од внатре па не успеа да отвори врата. Во меѓувреме од пазарот сите само посматраа без некој да помогне иако истиот тој човек бил познат за нив и цел ден ги малтретирал. Му реков дека ќе викнам полиција и извадив телефон и тогаш тој избега. Истиот тој денес (07.12) на автобуската станица кај паркчето М.А.Ченто одеднаш физички нападна човек што чекаше автобус. Се обидов да го следам за да знам кого и каде да пријавам во полиција но не видов дали се качи во 55-ка или 65в бидејќи се изгуби во гужвата Внимавајте не бира кого напаѓа“, стои во сведоштвото објавено од порталот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.