Тинејџер зборува хебрејски, арапски, авганистански, персиски, хинду, курдски, руски, италијански, свахили, индонезиски, турски, холандски, хрватски …
Американецот Тимотеј Донер од Њујорк има 16 години, а зборува 20-ина јазици. Во видеото, кое го објавил пред една година, најмладиот хиперполиглот во светот демонстрира знаење, но признава дека е на различно ниво на секој од јазиците. Се започнало со неговиот Бар Мицва. Одлучил да продолжи со учење на хебрејски и по завршувањето на церемонијата. После тоа отишол во арапски, кој научил да го чита само една недела. Потоа преминал и на авганистански, персиски, хинду и курдски јазик. Зборува руски, италијански, свахили, индонезиски, турски, јидиш, холандски, хрватски, мандарински и германски јазик. Учи јазици преку книги, апликации за iPhone и гледање на сапунски опери, а комуникацијата ја вежба и со таксистите, како и преку Skype со луѓе од целиот свет. Ја остава снимката на YouTube за да добие повратни информации од изворните говорници на јазиците.Тинејџер зборува хебрејски, арапски, авганистански, персиски, хинду, курдски, руски, италијански, свахили, индонезиски