Елиот Сандал е 24-годишното момче кое по 45-минутна борба совлада ајкула со голи раце.
Тој вели дека ловењето ајкули му е хоби и дека досега „со голи раце“ уловил повеќе од 100 ајкули, ловел со негови роднини кога од водата извлекол до пола изедена риба.
– На себе имаше загризи типични за ајкула, раскажува Садал, додавјќи дека ја вратил закачената риба за неговата јадица во океанските води со надеж дека така ќе го намами нејзиниот убиец во неговите раце.
Кога набрзо ја видел ајкулата и почувствувал дека се фатила на мамката, започнало тегнењето со цел да се измори морското куче и да го довлечка до брегот.
– Ми требаа околу 45 минути. Беше подолга од два метри и тешка околу 90 килограми. Секогаш на крајот ги пуштам. Не сакам да им наштетам, раскажа Садал по настанот.
Снимката од неговата „борба“ со ајкулата со неверојатна брзина стана еден од главните хитови на интернет.
Елиот Сандал е 24-годишното момче кое по 45-минутна борба совлада ајкула со голи раце.