ОРА ЊУЗ: Заменик министерот во МВР платил 20.000 евра за ноќевање во Истанбул?

Најавени се и други материјали од истата телевизија за наредните денови:

Во наредните денови Тв Ора ќе објави и други материјали, каде познати политички личности директно или индиректно се поврзани со луѓе кои имаат темно минато и се покренати од правдата.

Албанскиот портал Ора њуз објави истражување за албански функционери кои се луксузирале во хотели, но меѓу нив имало и политичари од земјава.

Сметките за престој во хотели со 5 ѕвезди направија досието на поранешниот министер Арбен Ахметај да заврши во Специјалното обвинителство против корупција и организиран криминал.

Сомнежите се дека со кредитната картичка на Клодијан Зото биле резервирани хотели со пет ѕвезди во повеќе европски земји, чија вредност се движи од 2.000 до 3.500 евра за ноќ, пишува албанската Ора Њуз.

Пријавата која стигна до „Ora Investigim’“ покажува дека слична ситуација имало и во Македонија.

Поконкретно, заменик министерот за внатрешни работи, Назим Буши, престојувал една ноќ во претседателскиот апартман на „CVK Park Bosphorus Hotel“ во Истанбул.

За тоа сведочи видеотом кое Буши го направил во просториите на претседателскиот апартман, кој е со простор од 850 метри квадратни.

На ова видео јасно се гледа дека заменик министерот го снима ентериерот на луксузниот апартман.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.