Крцкава однадвор, а сочна однатре – оваа компир-пита ќе ви биде љубов на прво залче.
Не забораваме на оние кои не се многу вешти во кујната, а ова е уште еден рецепт кој секој може да го направи неодоливо вкусен.
Пита од компир полнета со кашкавал и салама – неодолив викенд ручек за цело семејство.
Потребни состојки:
5kg варени и рендани компири
1 лажица сечкана жалфија
Сол и бибер
1 шолја урда или павлака
200g сечкана салама
200g рендан кашкавал
2 лажици путер
3 лажици маслиново масло
Начин на подготовка:
Изрендајте ги компирите и додадете ги зачините. Во друг сад направете смеса од урдата или павлаката, саламата и кашкавалот.
Во тавче стопете путер и масло и наредете еден слој од ренданите компири и оформете го со тапкање додека е на оган околу 5 минути. Одозгора намачкајте го филот и покријте со уште еден слој компири, добро истапкан и оформен и оставете уште 10 минути на оган.
Кога ќе добие добро запечена кора одоздола превртете ја целата пита од другата страна внимателно и оставете да се запече и другата страна.