Доколку сакате викендот да го зачините со пикантно слатко задоволство ви предложуваме комбинација на топло чоколадо и ароматични зачини…
Потребно е:
– 400 мл полномасно млеко, 150 г чоколадо за готвење, две кесички ванилин шеќер, едно стапче цимет, едно чили (луто) пиперче, две лажичиња кафеав шеќер,100 мл слатка павлака, една лажица амарето ликер, две лажици рендано чоколадо
Подготовка:
– Во млекото додадете ги ванилиниот шеќер, кафеавиот шеќер, стапчето цимет и чили-пиперчето. Загрејте го до вриење.
– Додадете го чоколадото искршено на парчиња и на тивко варете ја смесата со постојано мешање додека не се растопи чоколадото.
– Садот тргнете го од рингла и по 10-тина минути извадете ги зачините и повторно напивката ставете ја да се вари до вриење.
– Напивката распоредете ја во чаши и пред да ја послужите додадете го ликерот амарето и измешајте.
– На крај украсете со изматена слатка павлака и посипете со изрендано чоколадо.