Кој е 26 годишниот Виктор Серафимов, сопственик и управител на Авто испитен центар Скопје. Дали се точни шпекулациите дека е кум на Министерот за Внатрешни работи Оливер Спасовски и до неодамна вработен во АМСМ Скопје?
Која е фирмата 7 дена по основањето доби милионски бизнис од МВР за спроведување возачки испити на територија на Скопје?
Во деловен објект на улицата Перо Наков 108 А, Авто испитен центар Скопје, неофицијално има изнајмено три простории за работа. Се зборува дека училниците не биле опремени за полагање возачки испит.
Се работи за дејност за која се доделуваше лиценца само на едно правно лице за Град Скопје за период од 10 години и поаѓајќи од тоа, не е логично да постои друго правно лице со таква дејност и фирмата е регистрирана само пред неколкудена затоа што тоа правно лице не поседувало лиценца за вршење на таква дејност на територијата на град Скопје.
Според условите во конкурсот, стручната комисија од Министерството за Внатрешни работи, утврдила дека понудата на Авто Испитен Центар Скопје е најдобра и од тие причини им е доделена лиценца за испитен центар за Град Скопје“ изјавија од МВР за Алфа.
Авто испитен центар Скопје, од конкурс ги елиминираше АМСМ, АСУЦ Боро Петрушевски, ПСС и Ауто Македонија. Фирмата на младиот сопственик е регистрирана на 19 јуни 2018, со минимален паричен влог од 5000 евра, а конкурсот на МВР на кој што и победи беше објавен на 25 јуни истата година. Серафимов лиценцата од МВР ја доби на 14 месецов и истата ќе важи во наредните 5 години.