„Виновен си за смртта на децата“, Киев збесна поради Илон Маск, стигна порака од кабинетот на Зеленски

Американскиот милијардер Илон Маск потврди дека во 2022 година ги спречил вооружените сили на Украина да ја нападнат руската Црноморска флота.

ФИФА ја прекина суспензијата на Израелската фудбалска асоцијација
ФИФА во четвртокот ја прекина суспензијата на Израелската фудбалска асоцијација, но нареди …
СЗО: Во Либан загинаа 28 здравствени работници, a многумина ја напуштија областа
Светската здравствена организација (СЗО) објави дека од почетокот на израелската офанзива на …
Обид за кражба во зградата во Чаир во која изби пожар
Две лица се приведени поради обид за кражба во зградата во која …
Со велосипед од Скопје до Охрид: Амбасадата на САД со кампања за борба против рак на дојка
Ги прават последните подготовки за утрешната велосипедска трка.Оваа трка е поспецијална од …

Веста дека Илон Маск одлучил да спречи голем украински напад врз руската поморска флота предизвика прилично бесен одговор од Киев. Високиот советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски даде остра изјава – го обвини Маск за убиство на деца.

– Некогаш грешката е многу повеќе од обична грешка – порача Михајло Подољак на Твитер.
– Не дозволувајќи им на украинските беспилотни летала да уништат дел од руската воена флота преку заглавување на Starlink, @elonmusk дозволи оваа флота да истрела ракети „Килибар“ кон украинските градови. Поради ова страдаат цивили и деца, тоа е цената на коктелот на незнаењето и големото его. Сепак, сè уште останува прашањето, зошто некои луѓе се толку очајни да ги бранат воените злосторници и нивната желба да извршат убиство? И дали сега сфаќаат дека прават зло и поттикнуваат зло? – напиша Подољак.

Американската телевизија „Си-Ен-Ен“ објави делови од биографијата на Илон Маск, каде меѓу другото се наведува дека бизнисменот наредил да се ограничи работата на сателитскиот интернет „Старлинк“ во околината на Крим и на тој начин спречил Украинскиот напад на флотата, истото го објави и самиот Маск.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.