Иран нема планови за итна одмазда против Израел, изјави за Ројтерс висок ирански функционер, неколку часа откако Израел започна напад на иранска територија.„Странскиот извор на инцидентот не е потврден. Не добивме никаков надворешен напад, а дискусијата е повеќе наклонета кон инфилтрација отколку напад“, изјави ирански функционер кој сакаше да остане анонимен.Иранскиот аналитичар, како што пренесува Ројтерс, изјавил за државната телевизија дека „мини беспилотните летала“ за кои тврди дека биле соборени од воздушната одбрана во Исфахан, биле управувани од „инфилтратори од Иран“.
Пронајдете не на следниве мрежи: