Вистински егзодус: Во последните седум години бројот на ученици во Македонија се намалил за 17 илјади

Пред почетокот на учебната година, во основните и во средните училишта низ Македонија ќе има околу 245.000 ученици. Според „Радио Слободна Европа“ споредбено со изминатите седум години, истата е намалена за 17.000 ученици, што го покажува егзодусот во последната деценија од земјава.

„Во истиот период бројот на првачиња е намален за околу 3.500. Ова е погубно и разочарувачки и е резултат на лошите политики, не само во образованието, туку во сите општествени сегменти“, изјави нминистерката за образование и наука Весна Јаневска, најавувајќи промени во образовниот процес.

Министерството за образование и наука (МОН) за оваа учебна година ветува дека на првиот училиштен ден децата ќе имаат учебници или наставни материјали по сите предмети, освен за странски јазици бидејќи, според објаснувањето, тендерот пропаднал и во тек е жалбена постапка.Годинава учениците нема да имаат пролетен распуст кој за првпат беше воведен претходната учебна година.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.