Витаминска бомба што штити од вируси

Пијалокот наречен „17 на ден“ е вашиот најдобар „телохранител“ против грип, настинка и пад на имунитетот.
Сите дневни потреби за витамини и минерали, како и други хранливи материи може да се испијат од една чаша, односно од пијалок наречен „17 на ден“ кој го зајакнува имунитетот и ве штити од сезонски болести.
Потребни состојки за пијалокот:


1 јаболко, 1 круша, 1 парче краставица од 2 см, половина лимета, 1 парче ѓумбир од околу 1 см, 1 грст лисја од свеж спанаќ, половина страк целер, половина среден морков, 1 грст свеж кељ, половина главица средно цвекло, 1 парче ананас со дебелина од 1 см, 1 стебленце брокула од околу 1 см, 1 парче тиквичка од околу 1см, 1 парче пашканат од 1 см, 1 парче анасон од 1 см, 1 парче црвена пиперка и 1 парче жолта пиперка.
Овошјето и зеленчукот добро измијте ги, исчистете ги, измешајте ги во блендер и додадете неколку коцки мраз по желба.
Овој пијалок по рецепт од Јапонија содржи витамини А, Б, Б1, Б2, Б3, Б6, Ц, Е. Содржи бета-каротен, магнезиум, калциум, цинк, селен, калиум…

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.