Вкупно 949 пациенти починати од Ковид-19, активни 7399 случаи

Нови 628 случаи со Ковид-19 од 2236 тестирања беа евидентирани во вчерашниот извештај на Министерството за здравство за изминати 24 часа. Починати се 15 пациенти од кои седум од Скопје. Регистрирани се 531 оздравен пациент. Вкупниот број Ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 27827. Во државава вкупно оздравени се 19479 пациенти, а починати се 949 лица. Во моментот има 7399 активни случаи.
Есенскиот бран на Ковид-19 ги наполни и болниците. Хоспитализирани се околу 650 лица, од кои 110 се на кислородона подрршка, а еден пациент е на респиратор.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.