Вкусен напиток полн со цинк за добро утро: Млекото и овој сладок зачин се идеална комбинација

Направете напиток за младост, за зајакнување на имунитетот и целокупното здравје.
Какаото отсекогаш се сметало за напиток кој главно го консумираат децата, но малку е познато дека истото е еликсир на младоста и здравјето за сите генерации.
Истражувањата покажуваат дека какаото не е само вкусен напиток кој ќе ве заслади или загрее, туку и прекрасна намирница за подигнување на расположението, зајакнување на имунитетот и поттикнување на виталноста.
„Млекото со какао позитивно влијае на концентрацијата, ја подобрува меморијата и циркулацијата на крвта и го одржува нормалното ниво на холестерол“.


Какаото содржи цинк, минерал кој е многу важен за производство на протеини и одржување на добро здравје. Зрната какао содржат здрави масти, јаглехидрати, антиоксиданти и растителни влакна. Присуството на елементот епикатехин во какаото му помага на телото да се бори против воспалителните процеси, го намалува ризикот од дијабетес и срцев и мозочен удар.
Многумина избегнуваат да консумираат какао бидејќи веруваат дека дебелее, но ако го консумирате умерено, какаото може брзо да ве засити, да ви го регулира апетитот и со тоа да го намали ризикот од вишок килограми.
Рецепт:
Во 300 мл. топло млеко (кравјо или козјо) истурете 1 лажица какао во прав, додадете 1/2 лажичка цимет и 1/2 лажичка мелено каранфилче.
Добиената смеса ставете ја на тивок оган и оставете да зоврие. Добиениот напиток можете да го засладите со лажичка мед.
Се препорачува да се пие наутро, на празен стомак.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.