Вкусен чоколаден ролат во облик на гранка

На интернет ќе пронајдете илјадници рецепти за овој сладок, празничен десерт – чоколаден ролат во облик на гранка (Yule log chocolate cake). Но ние го одбравме наједноставниот и највкусниот, оној што нема „утка“ при правењето со цел да ви го олесниме готвењето.
Овој мек, сочен, чоколаден ролат нуди неверојатни можности за декорација на која ќе се радуваат најмалечките.
По желба може да го направите и двобоен, односно да употребите бел и чоколаден крем, но доколку ја сакате поедноставната варијанта таа изгледа вака:
4 големи јајца
100 gr шеќер
70 gr брашно
40 gr како
600 ml павлака за готвење
300 gr темно чоколадо
Малку шеќер во прав


Начин на подготовка:
1. Загрејте ја рерната на 200˚C. Премачкајте тавче за печење со димензии 33×23 cm и обложете го со хартија за печење.
2. Изматете ги јајцата и шеќерот во подлабок сад неколку минути додека смесата не стане воздушеста и бледо жолта.
3. Полека додадете го брашното и какаото и промешувајте нежно додека не се соедини со смесата. Префрлете ја во тавчето за печење и печете 8-10 минути или додека рабовите на колачот не се одделат од тавата.
4. Поставете хартија за печење на поголема површина и наросете малку шеќер во прав. Внимателно превртете го тавчето да се одвои колачот од него додека е уште топол.
5. Поставувајќи уште едно парче хартија врз него поминете го неколку пати тестото со сукало, за да малку спласне. Оставете да се олади додека го подготвувате кремот.
6. Во подлабок сад загрејте ја павлаката за готвење на средна температура. Кога ќе почнат да се формираат меурчиња тргнете ја од огнот и додадете го чоколадото. Мешајте внимателно додека добро не се соединат, а потоа оставете ја смесата да се олади.
7. Кога и тестото и кремот ќе бидат добро оладени, распоредете го кремот врз колачот и завиткајте го во ролатот. Премачкајте со уште малку крем и со виљушка направете линии кои ќе потсетуваат на гранка.
8. Доколку направите двојна доза од ролатот слободно може да ги поврзете како две или повеќе гранки. Инспирирајте се од следните фотки во однос на декорацијата на овој вкусен, чоколаден ролат:

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.