Потребни состојки:
2 јаболкa
100-120 г мелени бисквити
Начин на подготовка:
Јаболката изрендајте ги и краткo(5-6 минути) пропржете ги со 2-3 лажици шеќер. Тргнете ги јаболката од оган, па постепено додавајте бисквити и оформете ги бомбиците. По желба извалкајте ги во мелени бисквити или кокос. Наместо бисквити, за поздрава варијанта може да ставите мелени овесни снегулки, а наместо јаболко може банана.