Тортиљите се добитна комбинација кога сакате вкусен, но и едноставен оброк. Овој рецепт не само што ќе ве воодуишеви со вкусот, туку и по јадењето нема да имате многу садови за миење.
Тортиљите се заштитен знак на мексиканската кујна и се многу популарни низ цела Средна Америка бидејќи потекнуваат од Ацтеките и другите народи што го зборувале јазикот науатл. Оригиналното име на овие тенки лепчиња од пченка е тлашкали. По шпанската колонизација, доселениците влијаеле на рецептот, а и го добиле името тортиљас, што на шпански значи мали лепчиња.
Потребни состојки:
тортиљи
мелено месо
масло
сол
бибер
магдонос
зелена салата
кромид
краставица
кашкавал
сос по желба
Подготовка:
Во тава ставете малку масло и оставете да се загрее на висока температура. За тоа време земете тортиља и на неа нанесете слој мелено месо кое претходно сте го зачиниле. Можете да користите зачини по ваша желба, а се препорачува да додадете и малку сечкан магдонос и црвен кромид за побогат вкус.
Потоа тортиљата превртете ја на онаа страна каде што сте го ставиле меленото месо и пржете неколку минути. Со лесни движења превртете ја и наредете ги зеленчуците (не мора оние горенаведени, може по ваша желба), потоа ставете кашкавал и сос.