Ако преферирате солени вкусови, овој рецепт, идеален за појадок и вечера, ќе ве освои уште на првиот залак. Зеленчук во комбинација со омлет служен во тортилја и со додавање на павлака е јадење што често ќе го најдете на вашата чинија.
Жешките летни денови како да се направени за брзи, фини и хранливи рецепти, и овој е токму таков. Подготвена за неколку минути, тортилја од зеленчук и омлет е совршена за малку побогат појадок, фина вечера, но и како брз ручек. Динстајте го зеленчукот, испечете го омлетот, завиткајте сè во тортилја во форма на бурито, додадете малку павлака и уживајте.
Потребни состојки:
4 тортиљи од пченица
5 јајца
1 зелена пиперка
1 црвен пипер
1 црвен кромид
50 гр пченка во конзерва
Сол
Маслиново масло
Кисела павлака
Постапка:
Измијте ги, исушете ги и исечете ги црвените и зелените пиперки на коцки. Излупете го и исечкајте го кромидот и ставете го во истиот сад со пиперките.
Во тавата ставете малку маслиново масло и на кратко пржете го зеленчукот.
Во сад, изматете ги јајцата, додадете малку сол и пржете го францускиот омлет.
Раширете на тортилја, ставете лажица зеленчук, малку пченка и парче омлет. Преклопете ја тортилјата во форма на бурито и послужете ја со малку павлака.